Tegra 3 го претвора вашиот смартфон во конзола (видео)

видео игри Во последно време се повеќе мобилни направи користат quad-core процесори како Tegra 3 на Nvidia. Но што добива корисникот од четирите јадра? Графика и визуелни ефекти кои се речиси на исто ниво со оние на Xbox 360 и PS3. Во демонстрацијата на Tegra 3 може да се види дека игрите навистина изгледаат неверојатно.

Bladeslinger, Shadowgun и Riptide GP се игри кои веќе се визуелно импресивни, но со четири јадра ефектите се подиви – игрите имаат и повисок фрејмрејт (60 FPS), ефекти на стареење, ефекти на уништување, метеоролошки ефекти итн. Но четирите јадра на Tegra 3 не носат само пореалистична графика, тие ќе овозможуваат и подолго траење на батериите за мобилни направи, побрз пристап до интернетот, побрзо вчитување на игрите – па дури и подршка за контролори.
 
{youtube}2U2r3yKg0Ng{/youtube}

Од Nvidia велат дека мобилните направи со Tegra 3 – смартфони или таблети – ќе можат да бидат поврзани со HD телевизори и да се користат контролори од PS3, Xbox 360, Wii, Logitech, итн. за играње на мобилни игри. Во основа, кога ќе биде поврзан со HD телевизор, таблетот или смартфонот станува конзола. Пред пет години беше лудо да се помисли дека мобилна направа би можела да има иста моќност како и PS3 или Xbox 360. [Mobile games will look like Xbox 360 games with quad-core power]

- Реклама -