Долго се сметаше дека најголемиот бран во историјата на поморството, опишан во бројни приказни под називот „течни Хималаи“, е само мит. Сепак, изгледа дека легендата е вистинита.
Бранот, кој се споменува дури и во митологијата, се протегал на 400 милји од Нов Зеланд, така што не удрил во ниту еден брод или друго слично пловило. Иако е најголемиот опишан во историјата, ваквиот бран не предизвикува цунами.
До скоро, океанолозите, биолозите и метеоролозите беа скептични кон тврдењата за формирање на таков бран среде Јужниот поларен океан, особено што според описите се формира сосема одненадеж, и исто така (мирно, без цунами) и исчезнува. Но истражувачкиот пловник кој беше пуштен во Јужниот океан пред околу три месеца, веќе го опиша првиот џиновски бран во оваа област – бран кој по својата височина го собори рекордот на јужната хемисфера.
Јужниот поларен океан, патем, „удира“ во Антарктикот, а поради своите големи и непредвидливи бранови се смета за една од најопасните води за пловење. Кога на искусните морепловци ќе им ја споменете оваа област, ќе се уверите дека сите ја знаат легендата за „течните Хималаи“, и токму така и го именуваат овој регион во разговорите.
Во меѓувреме, истражувачите се обидуваат да откријат како настанува овој метеоролошки феномен во оддалечениот дел на светот. Јужниот поларен океан, од друга страна, важи за најнеистраженото „море“ на планетата.
Порано се сметаше дека ваквите феномени се случуваат еднаш во илјада години. Сепак, новите докази покажуваат дека се многу почеста појава.