Театар за деца и младинци прослави 30 години со Довлев и Ставрев

Нашиот ценет колега, кој првпат зачекори на сцената на нашиот театар пред 30 години, во 1994-та година, дипломираше во класата на Владимир Милчин и оттогаш е посветен на ансаблот на ТДМ и на публиката. Од 2011 до 2015 беше и на функцијата Директор на театарот. Своето образование го надогради и со постдипломски студии на НАТФИЗ, Бугарија, на отсекот за театарска куклена режија. Токму и во овој театар тој магистрираше режија со куклената претстава „Пепелашка”, велат од ТДМ за Довлев.

Довлев е добитник е на Меѓународната актерска награда за анимација на куклата на Малиот Принц во истоимената претстава на фестивалот во Суботица, Србија. Има бојни успешни и значајни изведби во и надвор од овој Театар во други истакнати продукции. Тој е првиот вработен актер во ТДМ, чија прва улога е во претставата „Пинокио“, а играл во скоро сите хит-претстави на ТДМ како „Црвенкапа“, „Убавицата и ѕверот“, „Могли“, „Волшебната флејта“, „Пипи долгиот чорап“, „Мачорот во чизми“, „Пепелашка“, „Волшебникот од Оз“ и други, како и во младинските претстави „Еднаш свет изградив“, „Нашиот клас“, „Оливер Твист“, „Заспаниот разум раѓа чудовишта…“, „Како ќе го делиме мачорот“…

Секогаш целосно вложен на секоја проба, прецизен и автентичен во секоја продукција и театарски процес, нашиот Драган Довлев, велат од ТДМ.

За Ставрев од ТДМ велат дека 30 години тој неуморно работи и се надоградува за овој театар да се претстави во најдобро издание, да донесе радост и светлина во детските очи и во вистинска смисла на зборот.

Професинален соработник, другар, нашиот долгогодишен светло мајстор, кој првпат пушта светло во ТДМ во претставата ,,Пинокио” и ги бележи своите успешни почетоци заедно со својот драг колега Довлев. Можеби само физички на различни страни, еден на сцената, а другиот зад неа (горе во кабината) но сепак со иста цел, за најдоброто на театарот и претставите. Нашите претстави не би ја добиле вистинската визура без вештото и будно око на овој инвентивен светло мајстор, Ставрев, велат од ТДМ.

- Реклама -