Поранешниот член на обезбедувањето на експремиерот Никола Груевски, Тоше Зафиров, кој беше и државен шампион на Македонија во бодибилдинг, на социјалните мрежи напиша честитка во која раскажа како се намалил бројот на пријатели кои му ги честитаат празниците.
„Си беше еднаш едно време кога бев обезбедување кај едно човече и тогаш за Нова година добивав околу 1.000 пораки со честитки за Нова Година, потоа не бев кај човечето и бројката се намали накај 300-350. За после некое време, кога го заборавивме човечето и таа се намали накај 50-тина, но барам си знам малку се, но сепак искрени пријатели се. Ете таква е оваа приказна. Среќна Нова 2019 год“, напиша Зафиров на Фејсбук.