Тажно: Има 25 години и 13 пластични операции зад себе

Алeна Пискун ја сметаат за жртва на пластичната хирургија. Иако има само 25 години, контроверзната руска пејачка и Интернет „ѕвезда“, целосно го сменила својот изглед подложувајќи се на 13 различни козметички операции и процедури.

Таа е една од најконтроверзните изведувачи во Русија. Многумина ги сметаат нејзините настапи за безобразни и непристојни, па таа дури и влета во неволја со законот откако направи скандалозна фото-сесија на едно од најсветите места во Русија – споменикот на Мамајев Курган. Сепак, најшокантното кај оваа пејачка е нејзината зависност од пластични операции. Од вкупно 13-те, направила четири процедури на носот, една корекција на брадата, липосукција на образите и блефаропластика (естетска корекција на очните капаци), што довело до тоа Пискун целосно да го промени своето лице. Споредувајќи ги фотографиите од пред 3 години со оние денешните, тешко е да се поверува дека станува збор за истата личност. Единствено од помош ни се нејзините тетоважи.

„За само 3 години јас драматично се променив, не само надворешно, но и внатрешно. Не жалам за ниту една од пластичните операции, бидејќи после секоја станувам се поубава и поубава“, пишува таа на својот профил на една од друштвените мрежи.

Alyona-Piskun-550x412 2 Alyona-Piskun2-550x733 3 Alyona-Piskun3 45 6 7 8 9 10 11 12 13

- Реклама -