Несоницата е нешто со кое што се соочуваат сите нации, раси, полови, па дури и возрасти. Некои луѓе не спијат бидејќи сметаат дека немаат потреба повеќе од пет часа во текот на ноќта, а други едноставно немаат време. Трети пак, патат од инсомнија.Креативниот тим од „Базфид“ одлучи покаже како недостатокот на сон, влијае на нашето лице.
Во експериментот учевствувале четворица луѓе, кои не спиеле повеќе од пет часа во текот на ноќта. Некои од учесниците ја признале грижата дека во еден момент шминката ќе престане да ги прекрива знаците на ненаспаност, а други забележале дека понекогаш наутро изгледаат постаро.
Кога им покажале што прави ненаспаноста на нивната кожа, довеле професионални шминкери. Тие со помош на козметика се обиделе да доловат како ќе изгледаат овие луѓе за 20 години, доколку продолжат да спијат колку што го прават тоа во моментов.
Резултатите ги шокирале. Брчки, исушена кожа, огромни подочници и хиперпигментација се долволни последици за секој да размисли на оваа тема.