Тажната сторија на Лајка – првото куче во вселената

laika-4[1]

Рускиот космонаут Јуриј Гагарин со право се смета за првиот човек што се нашол во вселената, но патот му го поплочија некои други овоземни претставници. Неколку години пред револуционерниот лет на Гагарин во 1961-та, уличното куче Лајка беше пратено во еднонасочна мисија во вселената, станувајќи првото суштество што орбитираше околу планетата.

Во тоа време, лансирањето на Лајка се сметаше за една од најголемите победи на Русија.

Лајка беше собрана од улиците само неколку дена пред лансирањето на Спутник 2. Спутник – првиот вештачки сателит испратен во вселената во историјата, првото патување го имаше само 1 месец порано. Оваа мисија, пак, беше со цел да се провери колку е безбедно за луѓето да патуваат во вселената и каков ефект би имало тоа патување врз нивното здравје. Лајка не беше случајно одбрана – таа беше куче со мирен карактер, а не беше ни многу голема.

На 3 ноември, 1957, ракетата на Лајка беше лансирана во орбитата. Тренингот на Лајка, покрај тоа што траеше само неколку дена, се состоеше единствено од седење во симулатори за летање и од тоа да биде сместувана во сé помали кафези. Пред Лајка, и САД и СССР имаа испратено и други животни кон вселената, но само до суб-орбитата. Лајка беше првата што влезе во нулта-гравитација.

A-rexfeatures_3829059a_lquuwl[1]

Како што рековме, за нејзината мисија немаше повратен билет, а научниците тоа го знаеја и планираа уште од самиот почеток. Тврдеа дека смртта ќе биде хумана, дека ~114 килограмскиот Спутник 2 ќе го храни кучето и дека ќе ги трансмитира мерењата на виталните знаци до Земјата сé додека не се исцрпат резервите на кислород. Пред тоа да се случи – да снема кислород, леталото беше дизајнирано да ја нахрани Лајка со затруена кучешка храна што ќе ја убиеше инстантно и безболно.

Прочитајте и:  Астронаут случајно снимил експлозија на метеор над Каиро

Со години и години човештвото веруваше во советската приказна за кучето-херој и хуманиот третман. Но, во реалноста, крајот на животот на Лајка беше далеку од достоинствен и безболен. На Светскиот вселенски конгрес во Хјустон (Тексас) во 2002-та, поранешниот советски научник – Димитриј Малашенков откри дека кучето умрело само неколку часа по лансирањето, како последица на стрес и преголемо загревање, настанато како резултат на дефектен и избрзано-дизајниран систем за контрола на температурата.

Лајка „траеше“ само неколку часа, а не преживеа ни Спутник 2. По 5 месеци орбитирајќи околу планетата, се врати на 4-ти април 1958 година, согорувајќи при влезот во атмосферата.

Сепак, Лајка го поплочи патот за драматичните напредоци во вселенското летање. По неа следеа и други кучешки „космонаути“, 36  такви – да бидеме попрецизни, кои ги снабдија руските научници со потребните информации кои потоа доведоа и до мисијата на Гагарин.

Неколку години по историскиот лет, космонаутот ја спореди својата ситуација со таа на Лајка и другите кучиња кои го предводеа патот во вселената: „Уште не можам да разберам кој сум. Првиот човек, или последното куче во вселената?“.

Мисијата на Гагарин, за разлика од таа на Лајка, имаше среќен крај.
Мисијата на Гагарин, за разлика од таа на Лајка, имаше среќен крај.
- Реклама -