„ТАВ Македонија“ се огласи за дојавата за бомба што утрово пристигна до скопскиот аеродром, поради што беа евакуирани целиот персонал и сите патници, а закажаните летовите не се остварија.
Од „ТАВ Македонија“ потенцираат дека сообраќајот е привремено запрен, но дека летовите не се откажани.
„Меѓународниот аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa. Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот. Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред“, се вели во соопштението од „ТАВ Македонија“.