Татлии е вкусен десерт, кој во нашите краеви доаѓа од Турција и станал дел од српската, македонската и бугарската кујна.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 Шекер лажички
1000 грама Шеќер
малку Цимет
200 грама Урми
1 кесичка Прашак за печиво
150 грама Ореви
250 грама Маргарин
4 лажици Лимонов сок
1 Кора од лимон
1000 милилитри Вода
2 кесички Ванилин Шеќер
450 грама Брашно
2 Јајца
ПОДГОТОВКА:
Од брашното, прашокот за печиво, 1 ванилин шеќер, јајцата и истопениот маргарин замесете убаво тесто.
Тестото оставете го да одмори 15-тина минути.
Потоа продолжете со месењето, при што се додава (доколку е потребно) уште малку брашно.
Во посебен сад ги месиме оревите, иситнетите урми, циметот и 3-те лажици шеќер.
Тоа е филот за татлиите.
Од тестото земаме мали топчиња со големина колку орев, со дланката се стискаат, се филуваат, па убаво се затвораат од сите страни за да не испадне филот.
Вака подготвените татлии се редат на плех и се печат на 220 степени.
Додека татлии се печат се подготвува се подготвува сирупот од 1кг. шеќер, водата. ванилата и лимоновиот сок кој се додава после 15 минути варење.
Потребно е сирупот да биде сварен и со светло жолта боја.
Кога татлиите ќе се испечат се налеваат со сирупот.