На првиот ден од брачниот живот, мажот и жената се договориле на никого да не му отвараат врата тој ден. Дента најпрво дошле блиското семејство на мажот.
Додека ѕвонеле и тропале, мажот и жената си седеле тивко во станот и чекале гостите да си отидат. На мажот му паднало криво зошто не им отвара врата на своите, но жената го потсетила дека имаат договор, па и по некое време родителите на мажот си отишле.
Малку подоцна се појавиле и родителите на жената. И тие ѕвонеле подолго време, а мажот и жената повторно се криеле. Но жената неможела да издржи се свртела кон мажот и едноставно му рекла – Неможам да не им отворам врата на мојте родители, извини мажу, но едноставно неможам. Мажот на ова не рекол ништо.
Годините си поминувале, а на мажот и жената им се родило петто дете. Сите претходни четири деца биле машки, но петово било женско. Мажот собрал друштво, викнал родини, комшии, сите што ги знаел и направил огромна фешта.
Откако завршило целото славје, пред да си легнат, жената го прашала мажот, зошто толкава фешта направил за своето петто дете, кое било женско. А мажот едноставно и одговорил: Затоа што таа ќе ми отвори врата кога ќе остарам.