Малата наследничка на Сталоне има сон- сака да биде манекенка, а нејзиниот славен татко сака да и помогне во кариерата.
Иако изгледа како суров човек, Силвестер Сталоне е вистински емотивец кога станува збор за неговото семејство. Ѕвездата од акционите филмови на својот Инстаграм сподели фотографија со својата 16-годишна ќерка Систина која се обидува да направи име во манекенството.
„Мојата ќерка сака да биде сериозна манекенка. Јас верувам во неа“, напишал 68-годишниот Сталоне. Убавата Систина неодамна излезе и во Teen Vogue, а откри дека и нејзиниот татко ја подготвувал за светот на популарните и дека многу научила од него.
„Морам да внимавам што правам, инаку тоа може да заврши лошо. Понегогаш само сакам бидам опуштена и да не се грижам како изгледам. Сега сум доволно порасната, сакам да бидам пред камерите- и ќе бидам“, рекла 16-годишната убавица.
Иако нејзиниот татко кариерата ја изгради како актер, неа пак не ја привлекува светот на глумата бидејќи како што вели таа е „очајна актерка“- но затоа воделството се чини дека многу повеќе и одговара.