Фејсбук статус на Сашо Тасевски
Драг Вардаре, друже Самсоненко, Ние друга радост како народ освен Твоите успеси, немаме. Ниту ЕУ ќе видиме, ниту пристоен материјален живот ќе доживееме, ниту пpaвда и миp ќе видиме.
Само Ти како тим со твоите европски титули направи да се почувствуваме троа важни во европското друштво на народите. Она што го направивте е подвиг во сите европски клупски спортови на сите времиња. На двапати од отпишан, аутсајдер, да станеш европски шампион. На чудесен начин се качуваше на тронот. Беше европска спортска вест број еден.
Имате пак силен тим, којшто лесно ќе влезе во фајнал форот, под услов да ги смените двата голмани додека е време. Со сета почит кон нив како спортисти, ама не се за Тебе и за твоите амбиции. Башка муабет, многу нѐ навикнавте на она ВАРДАР Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО РАКОМЕТ. Засилете се со добри голмани и cкpшете им кичмaтa на Кил на Веспрем на Барса, на сѐ што мрда. Убаво ќе биде оваа сезона да чуеме ВАРДАР И ТРЕТПАТ НА ВРВОТ НА ЕВРОПА.