Тасевски стапи на функцијата директор на БЈБ

Фото МВР

Во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија денеска беше извршено примопредавање на должноста директор на Бирото за јавна безбедност.

Досегашниот директор на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски му ја предаде должноста на новоименуваниот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, соопштуваат од МВР.

- Реклама -