Фејсбук статус на Сашо Тасевски
„Ништо од судењето за Рекет. Ќе излезе немаат доволно докази. Ката веќе не признава дека е нејзин гласот. Не признава дека го форматирала телефонот, не признава дека дала оставка во СЈО, не признава дека е женско. Очигледно на плажа се договорија. Ќе добијат по две години затвор, само Боки и Зоки. Ќе излезат по петнаесет месеци ко ништо да не било.
Ќе се стави уште еден бројчаник за 1,5 милиони на Орце. Каде се и во кого се да брои. Ќе се чека знак од Америте за пржинска влада до изборите. Тие ќе притискаат и да добиеме датум за ЕУ како дијазепам за сите потресени од Рекет. А тука, во потресените спаѓа и ЕУ.
Е сега, ако ја пукнат Италијаните новата бомба, ќе биде држ ме мајко… Судејќи по она што се збори дека има на неа. Но, и тие како да лапнаа некое дијазепамче, читај, милионче, па се смирија и останаа на закани.
Ќе биде тоа уште едно забошотување во низата, од атентатот на Киро, Октоподот, преку војната 2001, до актуелните Че си лежите и Рекет.
Правда и мир ќе има… На Куково лето“, пишува Тасевски.