Таравари бара гостиварската полиција да не ги казнува иселениците кои прават сообраќајни прекршоци

Во период кога иселениците доаѓаат во посета на Македонија, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари апелира до полицијата да биде погостољубива и поширокограда.

– Иселениците престојуваат само неколкудена во родниот крај, и во тие денови, трошат и инвестираат толку многу пари што ја држат во живот економијата на државава. Ако мал дел од нив, во главно помладите, не се доволно дисциплиниран во сообраќајот, и заедно со други млади од нашиот град се однесуваат на начин кој потешко можат да го прифатат постарите генерации, сепак треба да биде малку поширокогради и потолерантни, сé додека нивното однесување не остава последици, или не претставува некоја посериозна повреда на законот и нормативите – вели Таравари во апелот.

- Реклама -