Вчера се одржа финалето на „Танцот со ѕвездите“, каде победија Наташа Илиевска и Даниел Кимовски.
Тие беа одлични, но сепак танцот на Сара Мејс и Мишо си го прогласивме за најдобар танц досега изведен во девете сезони на ова шоу.
Одлична техничка реализација, фантастична кореографија, костимографија и избор на песна.
Кореографијата содржи и елементи од македонското оро тешкото.