Тантелата се вбројува меѓу најженствените материјали, а одамна ги напушти свадбените фустани и се помеша во секојдневната облека.
Постојат безброј начини на кои може да ја вклопите во секојдневниот стил, без оглед дали ќе станува за романтичен фустан, здолниште, шорцеви, кошула, или, пак, нежен накит со тантела.
Фустаните и здолништата со тантела носете ги во топлите женски денови, со сандали со полна потпетица во некоја смела боја и метален накит. Навечер, пак, може да ги комбинирате со интересно сако или кожена јакна.
Сезонава, шорцевите од тантела се апсолутен хит. За дневна варијанта носете ги со римјанки, обична маичка и кабеста чанта, а навечер комбинирајте ги со високи потпетици, плик-чанта и впечатлив накит.