На 20 септември Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ тргнува на турнеја низ поранешна Југославија, при што ќе настапи во Црна Гора, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Првиот концерт е во Подгорица на 20 септември во Културно-информативниот центар „Будо Томовиќ“. Два дена подоцна „Танец“ настапува во Љубљана во „Цанкарјев дом“. Во Загреб ќе одржи концерт во салата „Ватрослав Лисински“ на 24 септември. Турнејата завршува со настап во Бања Лука на 27 септември, во салата „Борик“.
Оваа година, „Танец“ одржа доста концерти, а еден од највпечатливите беше музичко-сценскиот настан „Фолклорно-класична симбиоза“ со оркестарот на Националната опера и балет.