Танах Лот е една од најпознатите туристички атракции на Бали, и е еден од седумте храмови кои стотици години имаа улога да го штитат брегот и жителите на овој остров од злобните духови.
Потеклото на Пура Танах Лот (Храм кој се наоѓа на Танах Лот) е изгубено одамна, но спрема легендата го подигнал човек во 16. век кој и самиот е предмет на бројни митови и легенди.
Изграден е заедно со останатите шест морски храмови долж брегот на Бали се со цел да се оддаде почест на духовите познати како Чувари на морето.
Морските струи и ерозијата создале бројни пештери во подножјето на овие карпи кои одамна се населени од морски змии за кои локалните жители веруваат дека се чувари на храмот, заедно со гигантската змија од ноќните кошмари.
До Танах Лот може да се стигне со пешање во текот на осеката, но посетата на храмот е забранета на сите, освен жителите на Бали. Но, тоа не ги спречува туристите од целиот свет да му се воодушевуваат од далечина на овој древен заштитник на брегот, кој покрај змиите, го опкружуваат и бројни легенди и митови.