Тамара во интервју за „Фокус“: Ја научив лекцијата

Токму кога ги уживаше своите најголеми успеси во музичката кариера, но и најголемиот успеx на државава на досегашните учества на европскиот избор на песна за Евровизија, освојувајќи го високото 7-мо место, Тамара Тодевска ја имаше неcpeќата, при изведбата на националната химна во американската амбасада по повод Денот на независноста на САД – 4 јули, да ѝ ги ампyтиpa клучните стихови на „Денес над Македонија“ во кои се спомнува името и на големиот, ако не и најголемиот – Гоце Делчев. Се случи тоа во најчувствителниот момент, кога од бугарска страна постојано пристигнуваа провокации и уцени дека Гоце бил Бугарин и дека земјава, доколку тоа не го прифати, ќе се соочи со пречка на патот кон Европската унија. Во ваквите околности, заглушувачка, во многу случаи и безмилосна, беше реакцијата на друштвените мрежи на оние кои не ѝ поверуваа на Тамара дека грешката била ненамерна и резултат на преголема возбуда. Како резултат, Тамара ги откажа домашните настапи и привремено се повлече од друштвените мрежи.

По сета таа исцрпувачка сага (за Тамара), таа вечерва им се враќа на настапите, со изведба на Камениот мост во Скопје во склоп на манифестацијата „Звуците на чаршијата“, пишува „Фокус“, кој направи ексклузивно интервју со пејачката. Прашана за „хајката“ поради изоставувањето на Гоце Делчев во химната, Тамара вели:

„Верувам дека во животот ние самите сме си одговорни за работите што ни се случуваат. Знам дека направив голема грешка и навистина ми е жал за се што се случи. Не велам дека ми беше лесно тие неколку денови, но од друга страна јас знам која сум, знам што сум и знам во што верувам и ниеден лош коментар или навреда тоа нема да го промени. Македонија е мојата татковина. Земјата која ме направи појака, похрабра, помудра. Земјата во која растат моите деца и земјата со која се гордеам. Сѐ во животот е лекција, а јас ја научив мојата“. Целото интервју, во кое Тамара зборува за Евровизија, за откажувањето на настапите, за поддршката, но и за ветената донација од 10.000 евра од страна на менаџментот на 1ТВ на чело со Бојан Јовановски, кој во меѓувреме заврши во притвор за „Рекет“, прочитајте го ТУКА.

 

- Реклама -