Пејачката Тамара Тодевска викендов го кажа своето најголемо „ДА“.
Откако минатата седмица насекаде се појави приказната и јавното признавање за нејзината врска со кошаркарот на работнички Александар Димитриевски – Мачка, викендов двојката стана повеќе од пар.
Тие се забавувале неколку месеци, а по повод нивната срвшувачка пристигнале на местото неколку ѕвезди од нашата естрада, меѓу кои, Калиопи, Зоки Бејбе, Влатко Илиевски, Катерина Ивановска и други.
Како што пренесуваат медиумите, во улогата на кум најверојатно ќе се најде најдобриот другар на мачка, Перо Антиќ, а старосватица ќе биде најдобрата другарка на Тамара, Александра Сандра.