Тамара Еклстоун е горда на своето тело, па реши повторно да се разголи за американското издание на „Playboy“.
Убавата богаташка Тамара Еклстоун повторно се разголи за „Playboy“, а дел од атмосферата од лускузното снимање сподели со фановите на Twitter.
Тамара за сега не покажа сѐ, а на фотографијата што го најавува нејзиното појавување во „Playboy“, во прв план е нејзиниот задник. Тамара е во црн тесен фустан, а околу неа позираат слугинки.
Сите едвај ги чекаат останатите фотографии, затоа што е најавено дека истите ќе бидат без цензура.