Тајзи со концерт во Италија

Тајзи овој викенд, во сабота, на 25ти ќе настапи во Пјаченца-Италија, во Диското Авиља. Ова е прв пат во неговата кариера, нашиот артист да настапи надвор од границите на Македонија.

Во меѓу време Тајзи неуморно работи и се подготвува за престојниот, солистички концерт во Скопје, во Универзалната Сала кој ќе се случи на 29ти Ноември (сабота).

Од Иноватива Груп најавуваат дека ќе има и интересни гости и очекуваат голема заинтересираност за истиот.

taj.jpg500

Продажбата на картите за концертот на Тајзи се во ограничен број и веќе во продажба преку дистрибутивната мрежа на МКTickets. Картите во месец Октомври се со промотивна цена.

Во продолжение може да го погледнете видеото во кое Тајзи ја поздравува Македонската публика во Италија:

- Реклама -