Убавината на латино – американската ѕвезда Џенифер Лопез е неоспорна. Во прилог на тоа говори фактот што многу пати е прогласувана за најубава жена на планетата.
Кои се нејзините тајни за совршен изглед дознајте сега!
Џеј Ло е една од првите ѕвезди кои на црвениот тепих се појавија со вештачки трепки и тоа од природен материјал. Нејзиниот „оскаровски“ фустан налагаше екстравагантна шминка поради што нејзиниот тим реши дека вештачките трепки се неопходни.
Всушност, густите и необични трепки во златно – кафена боја од крзно од лисица, создадени од јапонскиот шминкер Шу Jемура, се мини – револуција во модната индустрија.
Скот Барнс, повеќегодишниот стилист на Џеј Ло сметал дека посебен акцент во изгледот на оваа ѕвезда треба да се стави на нејзините латино – американски корени и тоа го направил со помош на бронзениот тен.
Топлата златна нијанса на кожата стана заштитен знак на неодоливата дива, а лосионот за самопотемнување нејзинот асистент го направил од хидратантен лосион за тело и издробени сенки за очи во бронзени нијанси.
Пред Џенифер широките бедра и заоблениот задник биле табу тема во Холивуд, а по неа некогашните недостатоци биле прогласени за главни достоинства.
Дизајнерите и натаму не престануваат да се трудат околу креирањето на модели за украсување на главните атрибути на Џеј Ло.
Боб физурата, холивудските крупни локни и благо брановидната пуштена коса секогаш изгледат идеално на Џеј Ло. Кога станува збор за бојата најчесто се појавува со омбре бојадисана коса, односно прелевање на медово – златни нијаси.
Агентот на Џеј Ло кој и предложил диета веднаш бил отсранет од нејзината листа на пријатели. Џел Ло најверојатно е најголемиот противник на диетите, а идеалната фигура ја одржува со секојдневното спортување и танцување.