Тајната „сексуална“ криза на младите

7-tips-young-professionals[1]
„Вие тоа озбилни сте со муабетиве?“

Ептен неодамна се појави студија според која кај младите родени на крајот на минатиот и почетокот на овој век – таканаречените миленијалци, постои недостаток од секс. Се разврзаа разни коментари, анализи и конспираси теории на темата, а всушност некаква реална мистерија околу животот на оваа генерација баш и нема.

Според податоците на Американското биро за попис на населението, младите заработуваат по околу 2.000 долари помалку од своите родители на нивна возраст, а со тоа и почесто живеат во сиромаштија и подолго остануваат дома.

Овој тренд не важи само во САД

Сепак, на генерацијата на бејби бумерите изгледа ѝ е тешко да поверува дека однесувањето на младите е само проста последица од нивната економска состојба. Така, податоците од студијата натераа многумина да се фатат да ги анализираат интересите на младите, подемот на технологијата, а и слободниот пристап до порно филмовите. Од друга страна, малкумина покажаа дека се свесни дека една третина од младите сé уште живеат со родителите – тренд кој на нашиве простори е можеби уште поизразен.

А токму тоа е и причината за младешката ниска сексуална активност – лулката во која живееш од дете до 30-годишен, не звучи како атрактивно место за секс кога веќе си на возраст на која би требало да живееш некаде на друго место, сам.

Младите денес немаат сигурна иднина и работно место, како што некогаш имаа нивните родители

Фактот што многу од младите после работа се прибираат кај родителите не е така привлечен за „аналитичарите“. Многу попривлечно е за нивната ниска сексуална активност да се обвинува порното и интересот/подемот околу технологијата. А всушност…

Младите денес дури возат и помалку автомобили од родителите. Одржувањето на автомобилот подразбира многу трошоци – какви што младите имаат еден куп, и многу пари – што младите ги немаат.

Прочитајте и:  Здраво Скопје, „Здраво млади“ - Trn.mk

На миленијалците постојано им се префрла и што трошат пари за да јадат надвор, наместо, на пример – да штедат. Реалноста пак, е дека младите во голем дел од случаите се приморани да јадат надвор, пред сé заради тоа што денес работното време не е како во некои носталгични векови, кога се одеше дома во 15 часот и се ручаше со семејството. Од друга страна, домашната храна и не е некоја многу поевтина варијанта, како што можеби била порано. Лесно е да се критикува, но денешните млади мажи и жени тешко успеваат да заштедат – вака или онака, без разлика каде се хранат.

„Има и многу други фактори кои им оневозможуваат на миленијалците да штедат – фактори како недостаток од бонуси на работа, студентските кредити, високите кирии“, вели Сузан Мекги од Guardian.

На сличен начин, и фактот што малкумина поседуваат сопствено живеалиште аналитичарите се обидуваат да го објаснат просто и лесно – со страв од врзување. Вистинската и главна причина, сепак, повторно е недостатокот на пари.

Заклучокот е еден

Во сите посериозни објаснувања околу животот на миленијалците во кои се впуштаат аналитичарите од целиот свет, има едно нешто заедничко што важи за сите – економската несигурност.

Замислете како е да создавате дом и семејство, додека на врата ви виси студентски кредит, неколку кредитни картички и континуиран страв дека ќе останете без работа. Ама не, проблемот на младите бил стравот од тоа да се врзат, порното и технологијата…

Точно, кризата е сексуална, ама како во оној вицот: „Што ќе ми е секс, кога ме е*ат секој ден“.

- Реклама -