Тајната на шведското задоволство

Во Шведска е задолжително да пиеш кафе и да јадеш торта. Ова не е шега!

Многу компании во цела Шведска ги обврзуваат работниците да одделат по неколку минути од работниот ден за “фика” (во превод од шведски – пиење на кафе, добар оброк на слатки и комуникација).

618x346

“Обичајот е длабоко вкоренет во нашата култура. Повеќето Швеѓани посветуваат време за “фика” по неколку пати на ден, без оглед дали се работи за работната недела или за време на викендите. Важно кај “фика-та” е трошење на време со другите, додека јадете домашно приготвени слатки и пиете прекрасно кафе. Тоа е како посетата на пабови во други земји. “- вели сопственикот на синџир за кафе во Гетеборг. Матс Јохансон.

Многу шведски компании ги обврзуваат работниците да си земаат паузи за “фика” и им нудат бесплатни топли пијалаци. Но дали овие почести паузи за комуникација придонесуваат кон едно попродуктивно работно општество?

Може и да нема студија за кофеиновиот индекс, но Организацијата за економска соработка и развој изготвува извештај за продуктивност.

Во 2014 година, Шведска е рангирана на 11 место од 38 земји во продуктивност на секој вработен.

Според извештајот Норвешка, која традиционално пие големи количини кафе, е рангирана втора, а работохолиците во Америка се едвај четврти. Франција, во која паузата за ручек продолжува доста долго е седма, а Јапонија и Кореа, две држави, со долги работни дена, се соодветно на 20-то и 30-то место.

svensk-fika

“Фика” во светот

Мега брендот на Шведска, “Икеа”, исто така ги поддржува кафе паузите. На својот сајт, брендот објавил дека “фика” е “многу повеќе од кафе пауза, тоа е време за споделување, за градење на нови познанства и за  друштво со колегите. Едни од најдобрите идеи и решенија се случуваат за време на “фика”.

“Шведскиот начин за управување со фирми се разликува од повеќето земји. Недостасува јасна хиерархија. Кога постои хоризонтална структура, важно е да се слушне мислењето на секој. Токму затоа “фика” е толку охрабрувачка идеја од менаџерите. Ова е одличен начин на кој може да се дискутираат различните гледишта за раководството на компании.” – вели Андреас Астром, член на Стопанската комора во Стокхолм.

Неодамна, оваа нова мода за различната кафе пауза излегува од границите на Шведска. Во Њујорк, Лондон и Сиднеј луѓето веќе започнаа да излегуваат 15-тина минути на “фика”. Не станува збор за консумирање на потребнпто кафе, туку за една пообмислена и полезна пауза.

Ларс Акерлунд гради бизнис империја врз принципот на “фика”. Во 2006 година, пет години по преместувањето во Њујорк од родната Шведска, тој го отвора првото кафуле, “Фика”, во близина на Централ Парк. Денес тој има веќе 17 кафулиња, а гради уште две. Една од најпопуларните комбинации во менито е кафе со домашна торта или чоколадо. Вистинско уживање за сетилата.

Sweden-fika

…Но, што е она што го натерало Ларс Акерлунд да инвестира во “фика”?

“Го сакав Њујорк, но тука немаше убаво кафе, што не е дел од огромен синџир. Западниот брег беше полн со одлични места за еспресо, затоа и знаев дека местото има потенцијал. Сфатив огромна празнина во овој бизнис, затоа и решив дека ако навистина успеам, можам да се претвори во наредниот Ричард Бренсон, да станам милионер од “Фика”. “

Акерлунд не само што сакал да отвори одлично кафуле во Њујорк, туку и да им обезбеди можност за нова перспетива во животот на њујорчани.

“Идејата на” фика “е да уживаш на кафето макар и на 10 минути. Во Њујорк луѓето пијат кафе на нога, затоа се замислив дали не можам да го променам начинот на кој њујорчани живеат, да ги натерам да седнат и да се одморат. “

Акерлунд станува секое утро во 4 за да пече свежи слатки.

20120818-fika

Како реагираат граѓаните на Њујорк?

“На почетокот цената им делуваше висока, но кога почнав да им подарувам по едно бесплатно кафе, клиентите беа задоволни и се враќаа назад. “

“Фика” е етаблирана институција во Менхетен, а чоколадото со солен карамел дури заработува злато во Светските награди за чоколадо во 2014 година. Но најголемиот успех на Акерлунд е токму во тоа да го промени бурното секојдневие на њујорчаните и да ги натера да се одмора. Во стилот на Шведска.

 

- Реклама -