Таблетите ќе имаат 500 GB меморија

Благодарение на Seagate, изработувачот на хард дискови и преносни мемориски уреди, сега секој таблет ќе има зголемен мемориски капацитет од неверојатни 500 GB, што е одлична вест за сите платформи, особено за Android и Windows.

Kорисниците на таблет очекуваат од својот уред врвни перформанси кои може да го заменат лаптопот, па затоа располагањето со голема меморија е задолжително. Тоа се одразува особено на Windows 8 таблетите кои работат со сите видови на PC апликации. Android таблетите пак се одлични за забава, гледање филмови и слушање видеа, но се ограничени на мемориски капацитети до 64 GB.

seagate_ultra_mobile_hdd

Kомпанијата Seagate има решение за тоа со нивниот Ultra Mobile HDD кој е минијатурен чип со дебелина од само 5 милиметри, што значи дека може да биде сместен и во најтенките таблети како Sony Xperia Z Tablet и Sony Vaio Tap 11. Овој уред е надополнет и со врвен сосфтвер кој се грижи за негова правилна употреба, да не дојде до прегревање и врши синхронизација на хардверските компоненти на таблетот.

Ваков производ би дошол како порачан кај таблети кои немаат слот за мемориска картичка, како на пример Nexus 7 и други евтини Android таблети. Сега на потег се производителите од кои зависи дали ќе го употребат Seagate Ultra Mobile HDD.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -