Таблет со три оперативни системи

Секој од најкористените оперативни системи Android, Windows и Linux имаат свои позитивни и негативни страни, па затоа идејата за таблет кој може истовремено да работи на сите три е вистинско освежување.

Ekoore Python S3 е фантастичен таблет кој ги има сите три системи Android, Windows и Linux и ви дава избор да одберете кој од нив ќе го користите. Инаку овој таблет има големина на екранот од 11 инчи, а може да се поврзе и со тастатура па на тој начин добивате и мини функционален лаптоп.

Ekoore_Python_S3

Неговите хардверски компоненти се исто така за пофалба. Ekoore Python S3 работи на дво-јадрен Intel Core процесор, 2 GB RAM кои може да се надградат до 8 GB, потоа вградена меморија до 128 GB, а неговата почетна цена изнесува 850 евра.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -