Освен таблата со појаснување за „хеленското наследство“ на „Воинот на коњ“, синоќа настрадале и таблите на споменикот на Филип Втори на плоштадот „Филип Втори“ („Карпошово востание“) и на споменикот на Олимпија. Таблата на споменикот на Олимпија е оштетена, а таблата на споменикот на Филип Втори е извадена и украдена.
Во меѓувреме, одново е закачена таблата на споменикот на Александар Велики – „Воин на коњ“, која беше извадена и оставена покрај споменикот. Сепак, оштетувањето остави одредени последици, па засега таблата е криво поставена.
Таблите со појаснување за „хеленското потекло“ на спомениците се во надлежност на градските власти и се под видео и надзор на редарските служби.