Табланет на интернет

cardplayers_000.jpg Заборавете ги телефонските покани, молења и ноќни собиранки за табланет. Еве еден сајт каде може да играте кога ќе посакате, со секој што разбира проста математика и има интернет конекција и компјутер. Кога ќе влезете на сајтот, може да креирате своја соба со можност за лозинка или пак да влезете во веќе постоечка. Како опција има избор на тимови(тим1, тим2) или пак соло игра во група од двајца и четворица. Oсвен тоа, постои и chat каде може да разговарате со соиграчите. Па, што чекате? Сокче?:) Пријатно таблање! [Табланет за цел свет]

Прочитајте и:  Со едноставни чекори до долготрајна батерија на вашиот паметен телефон
- Реклама -