Авитит Коен – Хендл има 31 година, а за боречката вештина Крав Мага прв пат слушнала од пријателите на нејзината постара сестра.Кога наполнила 8 години почнала да тренира, а постарата сестра ја поддржувала и охрабрувала да се занимава со оваа вештина бидејќи Авитит била хиперактивно дете, полно со енергија.
Таа во 1998. година и се приклучила на војската и решила да стане инструкторка.
Авивит води курс за самоодбрана во средно училиште, а регрутирана е и во елитните единици.
По приклучувањето во војската, редовно започнала да тренира и постигнала неверојатни резултати.
За Аватит, Крав Мага не е само работа туку и начин на живот, низ кој што младите можат многу да научат за дисциплината, трпеливоста, целите, толеранцијата, вредностите, почитта кон родителите и професорите…односно, како да станат добри граѓани кои ги почитуваат другите луѓе.
Таа вели дека поврзаноста која ја има со студентите кои ги подучува и останатите инструктори, и дава чувство на една голема топла фамилија.
Крав Мага е боречка вештина која настанала во Израел за потребите на израелската војска (IDF).