„Таа ми е најдобрата одлука во животот“

Објавил една од ретките заеднички фотографии.
Пејачот Џастин Тимберлејк и неговата сопруга Џесика Бил не се едни од оние парови кои својата љубов ја покажуваат кај ќе стигнат. Така, нивните обожаватели биле прилично изненадени, а и разнежнети, кога познатиот пејач објавил нивна заедничка фотографија на Инстаграм и тоа шест дена пред нивната втора годишнина од бракот. На фотографијата Џастин и Џесика седат на клупа, а пејачот ја прегрнал својата сопруга додека гледаат во далечина за време на посетата на Нов Зеланд.

Screenshot_4

„Животот брзо минура. Ако не застанете и погледнете околу себе, можете да го пропуштите- Ферис“, напишал во описот на фотографијата.

Screenshot_3

Се чини дека Џастин сака добро да ја искористи секоја минута во дружење со својата сопруга.

Когаза време на гостувањето на емисијата „Ellen DeGeneres“, Елен му поставила прашање зошто е добро да се биде во брак со неа, пејачот одговорил: „Од време на време скришно ќе ја загледам додека таа не ме гледа и си помислувам- Ако веќе никогаш не донесеш добра одлука, ако до крајот на животот донесуваш само лоши одлуки, можеш да бидеш среќен бидејќи веќе си ја донел најдобрата одлука во својот живот. Убаво е да бидеш оженет за својата најдобра пријателка“.

Screenshot_5

Ах, Џастин, не е ни чудно што на сите тинејџерки од целиот свет им крадеш воздишка…

- Реклама -