По доделувањето на MTV Video Music Awards се одржа афтер парти на која Ријана се појави во провокативно издание.
25-годишната пејачка не се појави на црвениот килим на доделувањето на наградите. Очигледно сакала да биде одморена за забавата по завршување на манифестацијата.
Рири се одлучи за краток, црн фустан со кој го привлече вниманието на сите на покривот на една зграда каде што се одржа забавата. Таа си заминала доцна со чашка во раката, а истото го направил и поранешното момче на Рири, Дрејк, со кој наводно ја поминала вечерта во ноќен клуб. За тоа не сум сигурна, но за тоа дека Рири изгледаше прекрасно во едноставниот фустан и дискретниот накит сум 100 проценти сигурна. Што мислите вие?