Таа една ситуација кога е можно пријателство помеѓу бивши

v219574[1]

Можно ли е пријателство со бившиот/та?

Експертите велат – се разбира. Но има уште. Според истражувањето спроведено од американските универзитети Пурдју, Сиракуза и Орегон, повеќе од половина од паровите по прекинот остануваат во контакт. Сепак, само дел од нив воспоставуваат прав и искрен пријателски однос, а тоа се тие парови чии врски започнале како пријателства.

Дури и ако раскинувањето било негативно искуство и не се случило заради заедничка одлука, партнерите чија љубов се развила од пријателство обично можат, со текот на времето, реално да ја согледаат ситуацијата и да сфатат дека можеби не можат да функционираат како интимни партнери, но тоа не значи дека не веќе не се сакаат и почитуваат како пријатели. Квалитетите кои партнерите ги ценеле кај другиот уште во време кога биле само пријатели се сé уште дел од истиот човек, па логично е и двајцата да сакаат да се препуштат на идејата за здрав пријателски однос.

Сепак, според д-р Холи Паркер – психотерапевт и предавач на Харвард, заблуда е да се очекува дека сé ќе биде исто како во врската, само без секс. Всушност се работи за потполно нов однос, кој подразбира потполна искреност околу своите намери. За да функционира пријателството, ниту еден од вклучените не треба да посакува нешто повеќе, вели Паркер за Glamour.

Од друга страна, стручните лица сметаат дека вистинското пријателство помеѓу луѓето кои врската ја започнале како „странци“ кои претходно не се познавале е реткост. Можно е во ситуациите во кои до прекинот не дошло заради неверство или други љубовни „прекршоци“, но ако врската била преполна со кавги и недоразбирања, партнерите најчесто не се ни обидуваат да градат пријателство, пред сé бидејќи секој бара пријател од кој ќе биде ценет и почитуван.

- Реклама -