Таа беше водителка на „Гранд“ и учесник во „Фарма“, а сега работи во кладилница

 

Публиката ширум Балканот ја запозна манекенката Јована Николиќ како учесничка на реалити шоуто „Фарма“, каде го запозна пејачот Даниел Алибабиќ и со него започна љубовна романса која се круниса со брак.

Сепак, крајот на нивната врска ја следеше скандалозен развод и многу оптужби што манекенката ги изнесе на сметка на пејачот, како тоа дека ја малтретирал и дека е хомосексуалец.

547277_jovana-nikolic-foto-fejsbuk_ff

По разводот Јована доби можност да се обиде како водителка на „Гранд“, но не остана таму долго, па била приморана да се врати во родниот Ниш, а сега се зборува дека веќе некое време работи во кладичница во Лековас.

– Јована, поранешната жена на Даниел, веќе некое време работи во кладилница во Лековец, каде дава карти. Таа е љубезна и пријатна, а многумина се изненадени кога ја гледаат таму.

458356_danijel-alibabic-farma060713ras-foto-goran-srdanov-_f

- Реклама -