Поранешната Спајс девојка, Мелани Би имаше драматично утро.
Мелани Браун, позната како Мел Би, е вредна мајка чие утро започнало драматично. За време на снимањето на нејзиното ново шоу ‘Jules, Merrick and Sophie with Mel B’, нејзината 6-годишна ќерка Ејнџел итно е пренесена во болница.
„Утрото започна лудо, мојата Ејнџел не се чуствуваше најдобро, многу ѝ се вртеше во глава, беше многу дезориентирана… ѝ течеше крв од нос, па затоа предходниот ден остана дома, не ни отиде на училиште. Но, ни утрово не се чуствуваше добро, а не можевме да го сопреме крварењето од носот… Затоа отидовме итно во болница каде беше подложена на тестови, а се сомневаат во шум во срце… Моето кутро дете“, изјави Мел Би за британските медиуми.
Поранешниот член на Спајс Грлс сеуште не знае точно што се случува со нејзината 6-годишна ќерка, и се чуствува целосно беспомошно.