СЗО со препорака: Земјите погодени од мајмунски сипаници да почнат планови за вакцинација

СЗО денеска издаде дополнителни препораки упатени до земјите кои се соочуваат со повторно појавување на болеста – Демократска Република Конго, Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда

Светската здравствена организација денеска препорача земјите погодени од вирусот мајмунски сипаници да почнат планови за вакцинација во областите каде што се појавиле случаи на инфекција.

Повторното појавување на мајмунски сипаници во Демократската Република Конго ја поттикна СЗО да прогласи глобална здравствена вонредна состојба на 14 август, највисоко ниво на здравствено предупредување.

СЗО веќе прогласи таква вонредна состојба во 2022 година кога епидемијата на сипаници се прошири низ светот, а ја повлече во мај 2023 година

СЗО денеска издаде дополнителни препораки упатени до земјите кои се соочуваат со повторно појавување на болеста – Демократска Република Конго, Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда.

СЗО препорачува, меѓу другото, да започнат планови за зајакнување на активностите поврзани со вакцинација против големи сипаници во областите каде што се појавија случаи, насочени кон лица со зголемен ризик од инфекција, на пример, случаи кои имале контакт со заразени, деца, здравствени работници, негуватели итн.

- Реклама -