СЗО: Коронавирусот резултира со глобална кpиза на менталното здравје, тоа треба да е приоритет во одговорот на владите

Наметнатата изолација, сиромаштијата и анксиозноста поради пандемијата на коронавирусот резултираат со глобална криза на менталното здравје, предупредува СЗО.

„Изолацијата, стравот, несигурноста и економската криза предизвикуваат или можат да предизвикаат психолошки проблеми“, рече Девора Кестел – директорка на одделот за ментално здравје на Светската здравствена организација.

Претставувајќи го извештајот на ООН и упатствата по прашањето на менталното здравје во врска со коронавирусот, Кестел истакна дека е извесен голем пораст на бројот на ментални заболувања, но и пораст на нивниот интензитет. Оттаму, порача таа, ова прашање треба да биде централно во одговорот на владите кон пандемијата и последиците од неа.

„Менталното здравје и благосостојбата на цели општества се силно погодени од кризата и оттаму се приоритет кој мора итно да почне да се решава“, рече Кестел на прес-конференцијата.

Во извештајот се истакнуваат неколку региони и социјални слоеви кои се најпогодени од менталните заболувања. Меѓу нив Кестел ги посочи децата и младите луѓе кои се изолирани од пријателите, но и здравствените работници кои се соочиле со голем број cмpтни случаи како резултат на коронавирусот.

Досегашните истражувања веќе го покажуваат влијанието на пандемијата врз глобалното ментално здравје. Психолозите бележат пораст на анксиозноста и депресијата во неколку земји. Ceмејното нacилство исто така е во пораст, додека здравствените работници бараат поголема пcиxoлошка помош.

- Реклама -