Женева, 30 мај 2022 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) не верува дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка ќе прераснево пандемија, изјави денеска официјален претставник, додавајќи дека сè уште не е јасно дали асимптоматските заразени луѓе можат да ја шират болеста.
Во мај се откриени повеќе од 300 потврдени или сомнителни случаи на мајмунски сипаници. Тоа е обично поблага болест која се шири со близок контакт и предизвикува симптоми слични на треска и карактеристичен осип.
Повеќето случаи се пријавени во Европа, наместо во Централна и Западна Африка каде што вирусот е ендемичен.
Засега нема потврдени смртни случаи.