Symbian OS стана open source и бесплатен

550-symbian-serienИзворниот код за десетгодишниот оперативен систем за мобилни телефони Symbian ќе биде комплетно open source и достапен бесплатно започнувајќи од денес. Транзицијата од сопственички код во open source е најголема во досегашната историја, тврди фондацијата Symbian.

Изворниот код за десетгодишниот оперативен систем за мобилни телефони Symbian ќе биде комплетно open source и достапен бесплатно започнувајќи од денес. Транзицијата од сопственички код во open source е најголема во досегашната историја, тврди фондацијата Symbian.

symbian

Symbian, кој ги движи скоро сите мобилни телефони на Nokia, инсталиран е на повеќе од 330 милиони уреди во светот. Но, во последните неколку години работите се променија за овој ОС, со влегувањето на еден од најголемите клиенти Nokia, кои преземаа голем дел во компанијата. Nokia ја креираше фондацијата „Симбиан“ за да ја дистрибуира платформата како опен-сорс проект и го започна процесот на отворање на кодот во 2008.

Во меѓувреме, Symbian OS виде нов ривал во оперативниот на Google – Android, чија основа е кернелот на Линукс (исто open source). За брзо време, Android стана омилен помеѓу производителите на телефони како HTC и Motorola.

Меѓутоа сега, секој поединец или организација може да го земе, користи и модифицира кодот на Symbian за било која направа, од мобилен телефон до таблет.

Symbian е пред Android во објавата на планирани промени кои треба да се случат до 2011, како и во отвореноста на кодот според Ли Вилијамс, извршниот директор на фондацијата „Симбиан“.

Дали ова ќе биде доволно за да му конкурира на помладиот ривал Android, останува да видиме. [Symbian Operating System, Now Open Source and Free]

- Реклама -