За да го подготвите овој ручек, потребни ви се:
СОСТОЈКИ:
5 свински кременадли
1 кг. компир
1 зелена пиперка
300 г. шампињони
1 црвен лук
4 чешнички бел лук
1/2 главици брокула
2 моркови
сол
бибер
мешавина од суви зачини
брашно
ПОДГОТОВКА:
Лесно истолчете ги кременадлите.
Загрејте масло,а секоја кременадла тркалајте ја во брашното и ставајте ја да се пече.
Извадете ги кременадлите и оставете ги на топло
Исецкајте зеленчук, а лукот исечете го на четвртинки.
Во тепсија ставете маст и масло, загрејте ја во рерна, извадете ја теспијата, и на врело ставајте го зеленчукот, па преку него редете ги кременадлите.
Прекријте со алуминиумска фолија и печете околу 30 минути.
Пред самиот крај, тргнете ја фолијата и оставете уште 10 минути да се запече.