Свински гулаш

За да го подготвите ова јадење, потребни ви се:

750 г. свинско месо

250 г. кромид

100 г. сува сланина

8 зрна бибер

4 фиферонки

2 лажици зејтин

1 лажица брашно

1 ловоров лист

оцет

сол

Подготовка:

Парчињата сува сланина, исечете ги на коцки, а кромидот на тенки парчиња, па пропржете на загреан зејтин. Додадете го месото исецкано  нс поголеми коцки и пропржете го да зарумени. Потоа додадете го ловоровиот лист, биберот во зрно, сол и целите фиферонки. Јадењето попрашете го со лажица брашно, промешајте, налејте половина литар млака вода и се заедно динстајте околу 1 час. Додадете малку оцет и шеќер (по желба) поради сладок – кисел вкус.

- Реклама -