На 21-ви јули, во пивницата „Bras Vu“ во Белгија, Лиеж, ќе се одржи годинешното светско првенство во трки со полжави.
„Натправарот мора да е организиран до најситниот детал“, вели познатиот белгиски рели возач – Марк Дуез, кој е задолжен да ја надгледува трката.
За оваа прилика, организаторите ангажираа и еден член на медицинската комисија на Белгиската велосипедска федерација, задолжен за неизбежната анти-допинг контрола.
До сега, своето учество го потврдија претставници од Швајцарија, Франција, Гватемала, Демократска Република Конго, Аргентина, Италија и Монако, „а се водат преговори и со други земји“ – пишуваат белгиските медиуми. Иако нема таква најава, се надеваме дека ќе видиме и наш репрезентативец.
Тркачите (хинт: полжавите) ги има секакви: мали и нервозни, големи и тромави, па и уникатни национални примероци.
На почетокот на трката, полжавите се поставуваат во подножјето на вертикален столб, долг 42.2 метри. Тренерите веќе работат со своите пулени, хранејќи ги со мешавини од зелка, детелинка и марула, за подобри перформанси.
Спектаклот ќе биде пропратен со музички изведби и дегустација на јадења со полжави, а приходите ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Победниците ќе добијат награда – рецепти за јадења со полжави.