Светозаревиќ: Зошто никој јавно не зборува дека и бугарските преродбеници се срамеле од своето бугарско потекло?

„Македонската историска наука детално ги истражила животот и делото на македонскиот великан. Сите досегашни сознанија укажуваат на тоа дека Гоце Делчев никогаш експлицитно не се изјаснил за Бугарин“, вели македонскиот историчар Бранислав Светозаревиќ Покорни – доктор по историски науки, во ексклузивен разговор со „Нова Македонија“.

„Бугарските политичари и некои историчари се обидуваат да го претстават како Бугарин повикувајќи се на тогашниот милет-систем со кој Исламската Империја не признавала нации и народи туку припадници на верски заедници. Така, националното будење на Турците е многу подоцна од народите што биле раја во рамките на таа голема империја, која се простирала на делови од три континенти. Турското национално движење добива свои сериозни форми дури со Младотурската револуција“, објаснува Светозаревиќ.

Како што истакнува тој, и бугарските преродбеници од 19. век се изјаснувале дека се срамеле од своето бугарско потекло. Зошто бугарските политичари не зборуваат за тоа во јавноста?, реторски прашува историчарот, а потоа образложува:

„Сите што живееле во бугарските градови и биле верници, во единствената признаена од османските власти на тие простори грчка патријаршија се изјаснувале дека се Грци, а истите тие граѓани селаните ги нарекувале Бугари, но како социјална категорија што е сиромашна, проста и неписмена. Називот Вулгари го наметнале Грците, со кој ги нарекувале сите словени од Македонија, Бугарија, Србија и Босна…“. Целото објаснување и целата статија на „Нова Македонија“, насловена „Гоце Делчев е Македонец и за тоа нема пазарење“, прочитајте ги ТУКА.

- Реклама -