Светот сепак ќе заврши во 2012 година, но многу побргу одошто се мислеше до сега. Утрото на 1 јануари, 2012, во 9 часот по средноевропско време, Земјата ќе се судри со новооткриената планета Тајки – пред малку објави НАСА.
Луѓето кои се занимаваат со теории на заговор, до сега тврдеа дека според вакви или онакви пророштва, светот ќе заврши на 21. 12. 2012. Така, во изминативе неколку години се изнаслушавме за потенцијалните експлозии на Сонцето, за талкачката планета Нибиру што ќе помине низ сончевиот систем и ќе донесе вонземјани кои ќе нѐ убијат и сл. Нормално, ваквите и слични приказни беа многу провидни и токму затоа и филмовите снимени според нив беа исклучително лоши.
Но, на денешната прес-конференција која заврши пред малку, НАСА објави дека всушност крајот на светот ќе дојде многу порано, на самиот почеток од следната година, во 9 часот наутро по средноевропско време, на 1 јануари. Причината за крајот ќе биде неодамна откриената планета Тајки (која е со големина на Јупитер) и се крие во големиот астероидски појас, на работ од сончевиот систем, неколку милиони километри подалеку од Плутон.
Планетата Тајки веќе ја загубила стабилната орбита (од до сега неутврден астрономски феномен) и започнала спирално да се приближува кон ѕвездата околу која гравитира. До почетокот на летото ќе може да се види со телескоп, некаде во средината на септември ќе биде видлива и со голо око, а веќе при крајот на декември ќе предизвика незабележани климатски промени на планетава, поради исклучителната близина. На почетокот од следната година ќе се случи сударот помеѓу Земјата и Тајки, што и официјално ќе биде крај на човечката цивилизација.
НАСА наведува дека обидите за формирање колонија на Марс ќе останат само убава замисла, поради недоволниот временски период во којшто треба да се организира сета логистика. Прес-конференцијата била направена со цел сите да знаат уште колку време преостанува до крајот на постоењето, изјавија одговорните лица во НАСА.