Светот ја виде првата 3Д печатена соба (видео)

Најновата ˝луда˝ треска во 3Д печатењето е тука, беспрекорна 3Д соба. Архитектите Мајкл Хансмејер и Бенџамин Диленбургер направија прототип за првата 3Д печатена соба, која тие ја нарекоа Digital Grotesque.

Tаа наликува повеќе на пештера отколку на соба, од надворешната страна има форма на коцка, а од внатре е уметничка со сложени колони.

dezeen_Prototype-unveiled-for-worlds-first-3D-printed-room_1

Архитектите користеа алгоритам за да ја креираат коцката, која го реплиицра процесот на природна клеточна делба за да го произведе готовиот производ. Дизајните на собата се целосно компјутерски генерирани.

Моментално архитектите работат на скала модел и планираат дури и поголема веризја со користење на печатени слоеви од мазен песочен камен. Процесот ќе резултира со 80 милионски површини во внатрешниот дел, кој ќе бидат или позлатени или полирани за дисплејот сличен како на скала моделот.

Двајцата архитекти работат заедно и на ETH, швајцарскиот Универзитет во оделот за компјутерски архитектонски дизајн, а веруваат дека методот ќе може да биде прилагоден за создавање на комплексни структури како сводови и мостови.

Digital Grotesque беше прикажан на доделувањето на наградите за Швајцарска Уметност и на изложбата во Токио минатиот месец. Погледнте од видеото како изгледа 3Д печатена соба.

[youtube]http://youtu.be/1erjJN1F_NY[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -