Home 365 Денес Светот ја чу нивната приказна: Никогаш нема да се вратиме во пештерата!

Светот ја чу нивната приказна: Никогаш нема да се вратиме во пештерата!

0
Светот ја чу нивната приказна: Никогаш нема да се вратиме во пештерата!

Тајландските момчиња и нивниот тренер на прес-конференција зборуваа за искушенијата со кои се соочиле додека биле заробени во пештерата, каде останаа 17 дена.

Децата откриле со што сакаат да се занимаваат кога ќе пораснат, а повеќето од нив нагласиле дека сакаат да бидат фудбалери. Во знак на почит, децата изнеле фотографија од нуркачот кој почина за време на акцијата, изразувајќи голема благодарност за неговиот обид да ги спаси.

Тие кажале дека мислеле дека постои излез на другиот крај од пештерата. Заедничко мислење на сите е дека по тие тешки денови, денеска се како семејство.

Тренерот открил дека спиеле на песок и камења, дека немале храна, туку само вода која капела од карпите и дека ги учел да се молат.

Момчињата поминаа една недела во карантин во болница, за да се исклучат сите можни здравствени нарушувања како последица на долгиот престој во пештерата.

По целиот трауматичен процес на преживување, во едно се сигурни – дека никогаш нема да се вратат во пештерата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here