Што е персонализиран маркетинг и зошто е тој важен?
Овој маркетинг значи да се испраќаат пораки до корисниците, или да се преземе акција, која што е приспособена кон поединецот врз основа на неговиот вкус или однесување.
Овој вид на маркетинг игра важна улога, особено во дигиталниот шопинг како искуство. Продавниците за продажба на мало во САД го користат со децении. Некои од нив нудат промоции на производи со натписи „Kупи едно, добиj го второто бесплатно“ или „Две за цената на едно“. Идејата на овие промоции е да биде мотивиран клиентот да стави повеќе од една од стоките во количката за шопинг, додека се шета низ продавницата и го прави својот избор. Многу пати тоа функционира. Овој вид промоции исто така се поврзани за видот на персоналниот маркетинг.
Во случајот на дигиталното доживување на е-шопинг, технологијата им овозможи на пазарите да станат попаметни и попрецизни. Со технологијата се прикажуваат информации во рекламата, која би го заинтригирала поединецот врз основа на интереси, по демографски знак или пол.
Истражувања во САД покажуваат дека компаниите кои умеат да практикуваат персонализирано рекламирање имаат резултати речиси веднаш, се радуваат на скокoт на продажбата за речиси 33% во споредба со други бизниси, кои не го применуваат овој метод. Има логика, размислете. Колку поперсонално звучи вашиот бизнис со она што го бараат клиентите, толку поголема шанса има да се зголеми вашата заработувачка. И колку побрзо успева да зазвучи лично, толку подобро. Гледаме како се повеќе и повеќе корисници се подготвени да ги споделат информациите за себе во замена за персонализирани искуства. А личните податоци за маркетингот на компаниите се многу вреден ресурс.
Има барем пет методи за персонален маркетинг, кои можат да се користат. Тие се следниве:
Лични препораки за производите: Тоа е тактика користена од Amazon, Ebay и други онлајн трговци на мало. Таа им овозможува на компаниите да достават предлози за продажба на производи користејќи и податоци за претходно искуство на клиентите, со нивната услуга.
Мејл маркетинг и таргетирање: Тоа е тактика за лично испраќање на пораки преку електронска пошта, при која се користат информации за да се таргетираат посетителите на сајтовите на компаниите кои не презеле никакви дејствија пред да излезат од овие сајтови. Служи за „потсетник“. Испраќањето на пораки е вид на директен маркетинг, кој работи многу ефикасно и е тактика за зголемување на разговорите и препознавање на брендот во онлајн средината и во живо.
Однесувањето: Ова е можеби најпопуларниот тип на персонализација. Кај него се користат податоци за корисници на мрежата – за страници кои ги посетувал секој од нив, за пребарувањата на Google и Facebook.
Маркетинг автоматизација: Технологија која користи лично насочени, корисни содржини во мрежата за да се „нишани“ компанијата на потенцијалните клиенти.
Ретаргетиране преку пребарувачите во мрежата: Веројатно сте виделе такво нешто ако сте посетувале некој сајт за шопинг и потоа сте влегле на друг сајт, каде што сте налетале на реклама на производот кој сте го гледале на првиот сајт. Гледате, постојат многу начини за прилагодување на рекламата и истражувањата покажуваат дека тоа се повеќе го менува начинот на кој се рекламирате. Се тврди дека испораката на лични пораки до специфичната публика е „Светиот Грал на маркетингот”. Мислам дека е вистина.
Лаура Лејк – маркетинг експерт
Текстот е објавен во соработка со Via Marketing.