„Припадниците од повисоките слоеви ги тераат своите деца да завршат елитни училишта иако немаат економски причини за тоа. Тие можат да ги вработат своите деца без да завршат некое особено образование (родителите или децата?). Но дипломите им се во функција за задоволување на престижната улога во општеството. Дипломите од факултетите им се потребни за да можат своите деца да ги изолираат од контакти со деца од пониските слоеви, кои можат да ги расипат“.
^Eте што учат гимназијалците во учебникот по социолигија за 2 година. Извадокот е дел од лекцијата „Образованието и животните шанси“.
Исто така, убаво си пишува и дека „децата што водат потекло од работнички семејства“ немаат нешто посебна амбиција и „главно се ориентираат кон практичниот живот“, додека децата од средната класа ЗАДОЛЖИТЕЛНО т.е. „безусловно треба да ги надминат своите родители во степенот на образованието, кариерата и животот“, за да нели, можат да го делат воздухов со елитните, кои, пак, ич не мораат да ги надминат родителите во било што.
Наша забелешка, заборавиле да наведат дека овие лошиве деца исто така знаат да не се лојални граѓани.
Учебник по предметот социолигија за 2 година гимназија. Дел од лекцијата „Образованието и животните шанси“#ЛечетеСе
Posted by Ines Efremova on Sunday, 13 March 2016