Свадба за милион долари

Хотелот La Valencia во Калифорнија нуди свадбен пакет за 1 милион долари.

Тој вклучува јахта, готвачи, професионална фотографија, првокласна цвеќарница, шминкери  од Холивуд и венчаница од светски познат дизајнер.

Во хотелот со 112 соби можат да се сместат 125 гости, а истиот обезбедува помошнички  и пристап до ресторанот. Во пакетот се вклучени и спа услуги, часови по јога, кајак и голф.

Транспортот обезбедува од приватни авиони до луксузни автомобили.

Досега овој пакет се нуди само во хотелот на La Valencia во Калифорнија, но наскоро ќе се нуди и во неговите други хотели – во Монако, Тоскана, Сен Тропе, Ибица и Сент Бартс.

sv2(1)

- Реклама -